Откако македонскиот репрезентативен голман, Кристијан Наумоски го заврши својот престој во Шкупи, и стана јасно дека се сели во друг клуб, беше само прашање на време кога ќе биде позната неговата следна дестинација.
Истата е егзотична што се вели од сите можни аспекти. Фудбалски, животни….Наумоски ќе биде дел од клубот ДПММ или поточно Duli Pengiran Muda Mahkota Football Club.
Во превод, ова е клуб кој се натпреварува во шампионатот на Сингапур, но е всушност од Брунеи. Малата пребогата земја, со која владее еден од најбогатите луѓе на светот, султанот од Брунеи. Токму овој клуб е во негова сопственост и е пребогат клуб. Во кој не се дозволени премногу странци, но едно од оние најважните е зачувано за нашиот интернационалец.
Наумовски во својата кариера како интернационалец настапуваше за Динамо Букурешт, Левски Софија, а долги години беше и дел од шампионатот на Малта.