Новак: Сакам децата да ги крстам на Косово! Министерот: Не може, не си вакциниран!

929

Во мега – интервјуто за “Кориере дела Сера“, Новак Ѓоковиќ се осврна и на Косово, темата која се секако е болна за Србија, за Србите.

Инаку не е тајна дека од таткова страна, тој потекнува од Косово.

Токму затоа за италијанскиот весник тој го кажа следното:

Сакам да се вратам на Косово, сакам заедно со мојата сопруга на Косово да ги крстиме нашите деца, Стефан и Тара. Знам дека оваа тема е осетлива, не сакам да се занимавам со политика, но за секој Србин секако дека Косово е срцето на Србија, тоа е центарот на нашата култура, идентитет…“ посочи покрај другото најдобриот тенисер во светот.

На се ова одговор имаше министерот за култура на Косово, Хајрула Чеку.

Чеку преку соцојалните мрежи кусо му порача на Новак дека нема шанси да влезе на Косово зошто тој не е вакциниран.

ПретходноБрутална тепачка меѓу фановите на АЗ Алкмар и Вест Хем! (ВИДЕО)
СледноОфицијално: Рамсдејл во Арсенал до 2028!