Општина Кисела Вода му додели на Вардар еден милион денари

1024

Пред најважниот меч во кој ФК Вардар ќе го игра сезонава, а тоа е баражот за влез во првата лига пртоив тимот на Скопје, в недела во Кавадарци, изненадувачка финансиска инјекција пристигнува во таборот на „црвено – црните“. Преку навивачката група Комити, кои што неофицијално се и акционери во клубот, со помош се јавува Општина Кисела Вода, која што на Вардар во овие клучни моменти ќе му додели еден милион денари.

Ова секако дека е многу важно во овој момент со оглед на беспарицата која што владее во клубот, за да се подмират основните трошоци пред неделниот бараж меч.

Па потоа, како што се шпекулира, „Комити“ ќе се зафатат со преговори со сите општини ширум градот Скопје, како би влегле во санација на ФК Вардар со рамномерно распоредени акции по субјект.

 

ПретходноЛК – 1/2 финале (реванши): Вест Хем и Фиорентина се на потег
СледноЛука Станковски го оперираше коленото