Пелистер го освои „Кале“ и закажа финале со МЗТ Скопје (ФОТО)

136

Пелистер обезбеди ново финале. Битолскиот тим потешко од очекувањата, во драматична завршница, беа подобри на гости кај ТФТ со 82-84 за конечни 2-0 во полуфиналната серија. Во битката за титулата, кошаркарите на Пелистер ќе играат против добро познатиот противник МЗТ Скопје.

Маслинко со дабл-дабл од 23 поени и 11 скока беше прв стрелец, Карпентер постигна 20 поени. На другата страна МекБраер имаше 17 поени.

Во Скопје видовме една поинаква пресметка за разлика онаа во Битола кога избраниците на Марјан Илиевски лесно го скршија отпорот на противникот и по само едно полувреме го решија името на победникот.

Очекувано беше ТФТ да се прикаже во поинакво светло. Домаќинот поведе со 9-5, додека битолчани со серија од 8-0 пред крајот на првата четвртина поведоа со 18-26. Во следниот период, битолчани ја имаа контролата на резултатот, но позитивата не беше „комотна“, ТФТ на одморот имаше негатива од 45-50.

Веќе во третата четвртина беше резултатска нишалка, домаќинот на двапати дојде до водство, но Пелистер знаеше како да се враќа. Сето ова беше најава за неизвесни последни десет минути, кои кошаркарите на ТФТ преку Симоновски, Костоски и Хотон поведоа со 72-70 во 34 минута. Откако тимот од Тафталиџе не искористи два напади за да го зголеми водството, Канпертер со тројка врати за 72-73.

Дуелот влезе во неизвесна завршница, се играше кош за кош. На две минути до крајот, Карпентер постигна важна тројка, ТФТ не искористи напад, па стигна казна, исто Карпентер реализира за 78-82. Симоновски погоди само едно слободно фрлање (79-82), Пелистер не искористи напад, но и противникот избрза, па веќе беше јасно дека тука е крајот. Хаџифејзовиќ на осум секунди до крајот погоди две слободни фрлања за 79-84.

ПретходноСпортскиот директор на Сити: Парите не се причината поради која ние сме најдобри!
СледноСмилковски се обиде да се пресмета со Феревски (ВИДЕО)