Пелистер по „рецептот“ на МЗТ Скопје, ТФТ го брани „Кале“

158

Името на првиот финалист во плеј-офот веќе е познато, МЗТ Скопје со 2-0 ја доби пресметката со вечниот ривал, Работнички. Против кого ќе ја брани титулата тимот од Аеродром може да биде познато уште денеска, се зависи од мечот во „Кале“.

ТФТ и Пелистер ќе го одиграат вториот полуфинален дуел, кој е закажан со почеток во 19:30 часот (директен пренос на МРТ).

Избраниците на Марјан Илиевски на првата средба демонистираа сила, дуелот го решија во првото полувреме, по што без проблем го приведоа мечот во своја корист. Битолчани долго време сонуваат за титула, лани играа финале, но останаа со празни раце, оваа сезона не кријат дека амбициите се пехар.

На другата страна пак ТФТ не го покажа вистинското лице, па тимот од Тафталиџе се очекува да се покаже во подобро светло и да изедначи во полуфиналето и да се најде пред портите на уште еден голем успех во својата историја.

ПретходноВардар и Пелистер ќе играат во ист термин!
СледноКадетите на Вардар со куп титулата во раце….. Шкендија „уништена“ со 4:1