Она што Манчестер Сити синоќа го одигра против Реал Мадрид, во реваншот од полуфиналето во ЛШ, кога просто го демолира тимот од Мадрид со 4:0, е речиси фудбалско совршенство.
Сепак Пеп Гвардиола за време на тој историски натпревар за неговиот тим, во одредени мигови не беше најзадоволен, па така во еден момент влезе во вербална расправија со својот најдобар фудбалер, Кевин Де Брујне, а овој му врати и тоа како му врати пред целиот аудиториум.
„Замолчи, замолчи“ му се развика Де Брујне на својот стратег.
По се изгледа дека само тој може и смее да му се развика на Пеп кој потоа ја објасни целата ситуација.
„Едноставно му реков да ја додаде таа топка, не требаше премногу да се брза во одредени ситуации. Во тие моменти требаше да бидеме стрпливи, немаше потреба од брзање“ посочи Каталонецот.
Guardiola: “Pass the ball, Pass the ball!”
Kevin De Bruyne: “Shut up! Shut Up!” 🤣👊 pic.twitter.com/2kejPutE0s
— Football Fights (@footbalIfights) May 18, 2023