Спортскиот директор на Сити: Парите не се причината поради која ние сме најдобри!

590

Манчестер Сити е во еуфорија. Сите во клубот, после онаа рапсодија синоќа против Реал Мадрид веруваат дека на 10 јуни во Истанбул, во финалето во Лигата на Шампионите против Интер ќе слават и дека за првпат во својата клупска историја ќе го подигнат најдрагоцениот пехар во клупскиот фудбал.

Тие што не го симпатизираат Сити велат дека тој клуб е најдобар само поради парите што Арапите од ОАЕ ги “фрлаат“ во клубот.

На ова свој коментар има спортскиот директор на клубот, Феран Соријано:

Парите не се причината поради која ние сме најдобри. Ако разговараме за парите треба да се види какви се вложувањата во играчкиот кадар во Англија во псоледните неколку години. И ќе видите дека ние не сме клуб кој потрошил најмногу пари на засилувања. Постојат неколку клубови кои повеќе инвестирале во играчи од нас, а тоа се Челзи, Манчестер Јунајтед, Арсенал….Па така приказните дека трошиме најмногу пари и дека само поради парите освојуваме трофеи едноставно не се точни“ изјави Соријано.

ПретходноАБА лига: Нанели го спаси Партизан од невиден срам
СледноПелистер го освои „Кале“ и закажа финале со МЗТ Скопје (ФОТО)