ТРЕНЕР НА СЕЗОНАТА: Шпетим Дуро (Струга Трим Лум)

629

Она што го започна Срѓан Захариевски секако дека на маестрален начин го заврши Шпетим Дуро, искусниот стратег од Албанија. Водени од овие двајца стратези, сезонава заврши со историски успех на Струга Трим Лум, со чудо, со сензационален триумф во ПМФЛ.

Јасно е дека за титулата веројатно подеднакво се заслужни и двајцата, но сепак со оглед на тоа дека Дуро во пролетниот дел во тие 11 кола практично ја освои титулата, сепак за тренер за сезоната “Спортмедиа“ се одлучи да го прогласи токму Дуро, кој во минатото да потсетиме дека беше двапати тренер и на Шкендија.

Дуро кога го наследи Захариевски имаше само два бода предност како лидер, а на крај заврши со +10 бода пред вториот Шкупи. Интересно, иако неговиот тим на две кола до крајот и практично беше шампион, тој на двата последни меча одигра со најсилниот состав и успеа да ги победи и Шкендија на гости и Шкупи дома, исто со 2:1. Сакаше едноставно да нема ниту една дамка на титулата.

Дуро го однесе својот тим и во финалето на Купот, каде в сабота против Македонија ЃП неговиот тим ќе оди по двојната круна.

Шпетим Дуро оваа пролет во ПМФЛ ја водеше Струга ТЛ на 11 натпревари, на сите тие дојде до 9 победи и одигра само двапати нерешено, значи без пораз.

ПретходноФИФА го претстави лого за СП 2026, фановите се ужаснати! (ФОТО)
СледноСе си има свој почеток и крај: Надал објави кога ќе оди во пензија!