Јирген Клоп е под суспензија. Фудбалскиот сојуз на Англија му ја одреди казната и тоа поради коментарот на стратегот на Ливерпул за судијата Пол Тирни по триуфот над Тотенхем од 4:3. Имено ФА го суспендира Германецот на еден меч, а вториот му е условен, ќе се активира ако го повтори прекршокот. Инаку тој е казнет и парично, со 75.000 фунти.
Ова значи дека не помогна ни извинувањето на Клоп до судијата, ако се знае какви негативни коментари изрече Германецот на сметка на посочениот судија.
Инаку тој нема да може да го води својот тим на мечот со Астон Вила претстојниот викенд.