Украинскиот крилен фудбалер Михајло Мудрик, кој му се приклучи на Челзи од Шахтјор за 100 милиони евра во текот на зимскиот преоден рок оваа година, може да ја смени клупската средина. Според „Fichajes“, лондонскиот клуб е разочаран од перформансот на украинскиот репрезентативец и ја разгледува можноста да биде позајмен или да биде продаден во друг клуб.
Јувентус и Арсенал се потенцијални кандидати за Мудрик, сепак, засега нема конкретни детали за што се расположени – купување или позајмица.
Украинецот одигра 13 премиерлигашки натпревари за Челзи сезоната и уште два во ЛШ и се уште нема погодок.