Ќерките на Карло и Пеп коментираат! Катја Анчелоти: Се срамам! Мариа Гвардиола: Толку сум горда на тебе!

537

Епската битка за влез во големото финале во Лигата на Шампионите меѓу Карло Анчелоти и Пеп Гвардиола ја доби Каталонецот, стратегот на Манчестер Сити со вкупни 5:1.

По вчерашниот реванш меч свои коментари на социјалните мрежи имаа ќерките на двајцата тренери,Катја Анчелоти и Мариа Гвардиола.

Катја до одредена доза на критика кон новинарите за тоа како го претставиле поразот на тимот кој што го води нејзиниот татко, напиша дека се срами:

Се срамам од стандардите кои ги покажуваат одредени делови на спортското новинарство“.

Од друга страна Мариа воодушевено го поздрави успехот на нејзиниот татко:

Уште еден мајсторски фудбалски курс. Толку сум горда на тебе“.

ПретходноСмилковски се обиде да се пресмета со Феревски (ВИДЕО)
СледноБарселона последен учесник на Ф4 во Лигата на шампионите