Македонскиот репрезентативец Бојан Димоски летово како што дознава Спортмедиа ќе замине од Академија Пандев и ќе направи интернационален трансфер.
Поточно, ќе стане дел од тимот на ТСЦ Бачка Топола, најпријатното изненадување во шампионатот на Србија сезонава. Овој тим е во жестока битка за пласман на втората позиција на табелата која што води во Лигата на Шампионите, а за таму се знае дека треба само екстра квалитетни засилувања.
Па така, изборот е паднат на Димоски кој ја надмина македонската фудбалска средина што се вели и време му е да направи преселба во посилна конкуренција.
Во ТСЦ пак, веќе со успех настапува Мартин Мирчевски кој идентично како и Димоски во овој клуб пристигна од Академија Пандев.
Димоски беше стандарден младински репрезентативец на Македонија, а редовно е што се вели и на списокот на селекторот на А репрезентацијата на Македонија, Благоја Милевски.