Манчестер Сити го декласираше Реал Мадрид со 4-0, со што избори пласман во финалето на Лигата на шампионите каде ќе игра против Интер. Тоа ќе биде четврто финале за каталонскиот тренер Пеп Гвардиола.
Во јавноста протекоа и фотографии од приватни собири и прослави по натпреварот. Во приватна соба на „Етихад“, беше направена фотографија од Пеп, главниот помошник Мануел Естиарте, братот на Пеп Пере Гвардиола и поранешниот аргентински претседател Маурицио Макри, како и претседателот на Манчестер Сити, Калдун ал Мубарак. Тие држат четири прсти во воздух, а Естиарте објави фотографија со натпис: „Четири“.
Фотографијата можете да ја видите на следниот ЛИНК.