Вечерва се играат реваншите од полуфиналињата во Лигата на Европа. Мечеви по кои ќе се знаат патниците во големото финале кое ќе се игра во Будимпешта.
Севилја на свој терен го дочекува Јувентус и се надева на уште еден успех, ако се знае дека на првиот меч во Торино резултатот беше 1:1. Сепак Јуве е Јуве, и ќе оди на триумф во секој случај.
Рома гостува во Леверкузен и овој реванш меч ќе го почне со предност од 0:1. Секако дека сега германскиот тим се прашува, но Жозе Мурињо е мајстор за вакви решавачки мечеви.
Во секој случај на повидок е италијанско финале, но за тоа дали ќе биде така се прашуваат и Севилја и Леверкузен.
ДВОЈКИ ЗА ВЕЧЕРВА (21 Ч) – РЕВАНШИ
СЕВИЛЈА – ЈУВЕНТУС (1:1)
ЛЕВЕРКУЗЕН – РОМА (0:1)
*Во загради се резултатите од првите мечеви