ЛЕ: Мурињо и Рома ќе играат уште едно европско финале

182

Рома на Жозе Мурињо одиграа 0:0 во Леверкузен во реваншот од полуфиналето на Лига Европа и успеа да се пласира во уште едно европско финале. Со оглед на тоа што Рома победи со 1:0 во Рим на првиот натпревар, овој резултат ја однесе во финалето и шансата по минатогодишниот трофеј во Конференциската лига, сега да освои пехар и од Лигата на Европа.

Второто полуфинале меѓу Севиља и Јувентус заврши повторно со резултат 1:1, исто како и во Торино, па мечот отиде во продолженија.

ПретходноКЛ: Вест Хем по 24 години повторно ќе се бори за европски трофеј
СледноУго Лорис се сели во Ал-Хилал