Македонската одбојкарска репрезентација засилено се подготвува за стартот на новото издание на Златната лига. Во Скопје под водство на новиот селектор Миленкоски, одбојкарите полека ја темпираат формата за првите дуели.
„Влеговме во оваа втора фаза од подготовките. Се тече во најдобар ред, здраствениот билтен е добар и затоа продолжуваме со засилено темпо. Работиме на воигрување на екипата и полека да влеземе во натпреварувачки ритам“, вели еден од најискусите во нашиот состав, примачот Владо Милев.
Гостувањето кај Украина на 27-ми овој месец ќе биде првиот предизвик за македонските одбојкари.