Младинците на Работнички денеска во Кичево, во финалето на Купот на Македонија ја победија Шкендија со 3:1 и со тоа го освоија пехарот во младинска конкуренција. Уште во првиот дел Работнички имаше водство од 2:0, потоа и со 3:0 но Шкендија сепак успеа да го ублажи поразот на конечни 3:1.
По предавањето на пехарот со право младинците од победничката екипа беа во еуфорија.