Смилковски се обиде да се пресмета со Феревски (ВИДЕО)

2596

Пелистер е вториот патник во финалето на плеј-офот. Вечерва битолчани беа подобри од ТФТ со 82-84 на гостински терен за конечни 2-0 во серијата.

По завршување на мечот тренерот на домашниот тим, Боро Смилковски беше видливо револтиран од крајниот исход. Тој по завршување на мечот отиде кај судиската тројка Павлов, Феревски и Давидов, го искажа своето незадоволство. А откако се чинеше дека тука заврши со своите примедби, тој се обиде да го нападне Феревски, на еден поинаков тон тргна кон него, а целата ситуација ја смири еден од двајцата судии.

Смилковски сигурно ќе биде пријавен од страна на официјалните лица и за тоа ќе добие соодветна казна.

ПретходноПелистер го освои „Кале“ и закажа финале со МЗТ Скопје (ФОТО)
СледноЌерките на Карло и Пеп коментираат! Катја Анчелоти: Се срамам! Мариа Гвардиола: Толку сум горда на тебе!