Милан тргнува по Лофтус-Чик, Челзи бара 25 милиони евра

99

Играчот од средниот ред на Челзи, Рубен Лофтус-Чик ќе биде едно од можните засилувања за сега веќе поранешниот шампион на Италија, Милан. Според италијански извори, интересот на Милан за Англичанецот трае веќе половина година и најверојатно во следните недели преставници на клубот ќе го контактираат Челзи за да почнат преговори.

Челзи е подготвен за голема распродажба ова лето, а Лофтус-Чик е еден од оние кои се на листата за заминување. Проценките велат дека „сините“ ќе бараат сума од 25 милиони евра за трајно да го продадат Англичанецот, но Милан смета дека таа е превисока и за неа може да се преговара.

„Росонерите“ се свесни цека Тод Боли е очаен да продава играчи ова лето, а договорот на Лофтус-Чик истекува во летото 2024 година.

ПретходноФудбалер на ЦСКА (М) осомничен за обложувачка измама: Направил жолт картон за да добие пари!
СледноМајами направи брејк во финалето на истокот (ВИДЕО)