Нервозниот Лучијано Спалети ќе мора да плати „пенали“ во висина од осум милиони евра доколку реши да го напушти Наполи ова лето. Откако стана јасно дека по освојувањето на Скудетото Спалети нема да добие подобрен договор од првиот човек на клубот Де Лаурентис, почнаа превирањата меѓу обајцата, кои стигнаа и до медиумите.
Спалети бара да му биде продолжен договорот со зголемена плата, но Де Лаурентис на мала врата сака да протне ново едногодишно продолжување на соработката со Спалети според клаузулата во стариот договор.
64-годишниот стретег се побунил кај Де Лаурентис, но тоа најверојатно нема да смени ништо. Ако првиот човек на Наполи му ја активира клаузулата од договорот за уште едногодишна соработка, Спалети ќе мора да остане на клупата или да плати 8 милиони евра.