Дефанзивецот на руска ЦСКА (М), Бразилецот Моизес е осомничен за обложувачка измама.
Според веста која денеска ја објави угледниот бразилски венсик „О Глобо“, Моизес е вклучен во една пообемна истрага во Бразил во која според наодите се опфатени околу 40 фудбалери кои се осомничени дека манипулирале со резултати на натпреварите во локалниот шампионат.
Според „О Глобо“, Моизес кога настапуваше за Интернасионал минатата сезона, намерно добил жолт картон на натпреварот од бразилското првенство против Сао Паоло, за што подоцна му била исплатена одредена сума од обложувачката мафија.
Играчот „пожолте“ во средината на вториот дел од средбата поради расправија со судијата. По натпреварот, наводно фудбалерот дури и испратил порака до оние кои требале да го исплатата, во која пишува дека „договорот е завршен“.