Така е тоа во големите клубови. Без разлика што Чави и ја донесе титулата на Барса, челниците на каталонскиот гигант веќе најдоа негов наследник. Јасно е дека сега нема шанси Чави да биде сменет, но во некој нареден период секако дека тоа ќе се случи.
Станува збор за Мичел, стратегот кој со Џирона прави чуда. Мичел Ангел Санчез Муњос или само Мичел. Што е најинтересно тој е роден во Мадрид, а досега бил тренер и на Хуеска и Рако Валљекано.
Секако дека ова се само најави. Но Барса како голем клуб секако дека сака да си има повеќе опции ако се знае дека сегашниот тренер на Џирона е многу ценет и респектиран во Шпанија, без разлика што е Мадриѓанец. Тоа нема да биде проблем за клубот од Каталонија.