Владо Илиевски ќе биде спортски директор на Олимпија?

138

Поранешниот македонски репрезентативец, Владо Илиевски би можел да биде новиот спортски директор на Цедевита Олимпија. Според словенечки „Спортклуб“ Илиевски ќе се врати во „Стожице“ во една поинаква улога. Илиевски дресот на Олимпија го носеше од 2001/2003, па во 2008/09.

Исто така ќе има промена на клупата, Италијанецот Симоне Пјаниџини ќе биде нов тренер. Илиевски со овој стратег заедно соработуваа во Сиена.

 

Поранешниот македонски репрезентативец долго време живее во Љубљана, па најавите за новата функција воопшто не се изненадувачки.

 

ПретходноШокантно: Спалети си оди од Наполи!?
СледноСам против сите: Ова е херојот кој ги тепаше холандските хулигани! (ВИДЕО)