Во сабота со почеток од 17:00 часот на теренот на ФФМ ќе се одигра 30-тото финале на Купот на Македонија. Капитенот на Македонија Ѓорче Петров, Филип Мишевски оцени дека задачата е тешка но ќе направат се за да го одбранат трофејот против новиот македонски шампион Струга Трим Лум.
„Сметам дека фактот што имаме одиграно повеќе финалиња е предност за нас. Ќе биде тешко, трите нерешени средби сезонава се доказ дека ќе биде неизвесно. Македонија ЃП како клуб има повеќе финалиња, но и Струга Трим Љум има играчи со искуство во вакви натпревари. Ќе дадеме сè од себе да го одраниме трофејот, не криеме дека одиме на победа“, изјави Мишевски.
ФОТО: ФБ – ФК Македонија Ѓорче Петров 1932