Модриќ ќе остане во Реал, но ќе му биде резерва на Белингем!

295

Како што пренесуваат “Марка“ и “Билд“, Лука Модриќ бил повикан на состанок со раководството на Реал Мадрид со вел да му биде кажано какви биле плановите на клубот во врска со неговиот понатамошен статус. Па така “кралевите“ ќе му понудат нов договор на Хрватот најмалку за една година, ако се знае дека актуелниот му завршува следниот месец.

На состанокот му било кажано дека во следната сезона тој ќе му биде резерва на Џад Белингем и дека ќе мора да се задоволи со тој статус ако сака и натаму да биде во редовите на Реал Мадрид.

Секако непријатна вест за Хрватот, но сепак годините си го прават своето ако се знае дека Англичанецот речиси е двојно помал.

ПретходноВТОРО КОЛО ОД „СВРТИ, ТИПУВАЈ И НАГРАДИ СОБИРАЈ” НА 2WIN.MK
СледноЗапознајте го тимот за човечки ресурси во ФЛЕКС КРЕДИТ