Натурализираниот кошаркарски репрезентативец на Македонија, Ти Џеј Шортс, на крајот на сезоната ќе го напушти германски Бон и ќе заигра за францускиот клуб Париз, пренесуваат германските медиуми. На клупата на Париз во новата сезона ќе седи досегашниот тренер на Бон, Томас Исало па големи се шансите тој да заигра за овој клуб отколку за рускиот Локомотив Кубањ кој исто така е заинтересиран за него.
Ти Џеј Шортс со својот тим сезонава ја освои Лигата на шампионите на ФИБА, а исто така беше прогласен за МВП во ова натпреварување.