Олимпијакос со фантастичен пресврт се пласира во финалето на Евролигата

287

Екипата на Олимпијакос го совлада Монако со 76:62 во првото полуфинале во Евролигата. Мечот во „Жалгирио Арена“ во Каунас имаше две полувремиња. Во првото Монако водеше, а во второто комплетно потона.

Третиот период Олимпијакос го отвори со 14:0, а го заврши со неверојатни 27:2 со што грчкиот тим го отвори патот до финалето. Грците освен што играа ефикасно имаа и цврста одбрана, па кошаркарите на Монако се фатија во стапица од која не можеа да излезат.

Александар Везенков со 19 поени беше најефикасен играч на мечот. Кај Монако, Мајк Џејмс постигна 17.

Во финалето на 21 мај Олимпијакос ќе игра со подобриот од дуелот на шпанските ривали Барселона и Реал Мадрид кои играат вечерва.

 

ПретходноМЛС се шири на 30 клубови – влегува клуб од Сан Диего
СледноПокетино го пикираше првото засилување!