Пари Сен Жермен објави дека ја продолжиле соработката за дефанзивецот Маркињос. Бразилскиот фудбалер потпишал договор со важност до летото 2028 година, со тоа клубот потврди дека овој фудбалер му е важен и ќе биде дел од тимот за во наредните сезони.
Маркињос игра за ПСЖ од летото 2013 година, а од тогаш седум пати беше шампион на Франција, шест пати го освои Купот на Франција, исто толку пати и Лига купот на Франција.
Сезонава бразилскиот дефанзивец одигра 42 меча за клубот во сите натпреварувања, а постигна два гола.