Реал (М) го доби „Ел Класико“ полуфиналето во Евролигата и закажа финале со Олимпијакос

188

Кошаркарите на Реал Мадрид ја совладаа Барселона со 78:66 и се пласираа во финалето на Евролигата. На финалниот турнир во Каунас, вечерва во „Ел Класико“ полуфиналето, „кралскиот“ клуб уште еднаш го покажа шампионскиот менталитет и предводен од Валтер Таварес со поддршка на Серхио Родригез ја совлада фаворизираната Барселона.

Најдобар играч на натпреварот беше Валтер Таварес со 22 поени, а покрај него одлична партија одигра и Серхио Родригез, кој постигна 12 поени, од кои девет во првиот дел од мечот, додека Марио Хезоња имаше уште два поени повеќе.

Никола Миротиќ вечерва целосно потфрли и мечот го заврши со само три бода. Алекс Абринес беше најефикасен кај Барса со 16 поени.

Реал во мечот за трофејот ќе игра против Олимпијакос.

ПретходноБарселона има проблем со повредите пред мечот со Р. Сосиедад
СледноОстана без финале, ама остана и без два предни заби (ВИДЕО)