Симов: Имаме силен противник но ќе сториме сè за да го задржиме трофејот

148

Во сабота со почеток од 17:00 часот на теренот на ФФМ ќе се одигра 30-тото финале на Купот на Македонија. Бранителот на куп-трофејот Македонија Ѓорче Петров ќе игра против Струга Трим Лум кој воедно брка двојна круна затоа што пред неколку денови го завери трофејот во шампионатот.

Тренерот Горан Симов на пресот зборуваше за очекувањата и за плановите на клубот во финалето.

Ќе играме на добар терен, против силен противник и нè очекува убаво време. Се надеваме дека сè тоа ќе води кон убав натпревар, вистинско финале. Струга Трим Љум го освои трофејот во ПМФЛ и има одлични играчи, дел од нив многу искусни кои ги освоиле сите домашни трофеи. Ние сме максимално подготвени за финалето, мислам дедка притисокот ќе биде врз противникот. Македонија Ѓорче Петров ќе направи сè за да го задржи Куп-пехарот.

Можеби не сум искусен многу како тренер, меѓутоа како играч видов сè во мак-фудбалот. Јас се надевам дека ќе дојдам до вториот пехар во ова натпреварување како тренер, нема големи тајни пред финалето. За Македонија ЃП ова е петто финале, додека за стружани е прво, надежта во финалето постои. Пеналите многу често одлучувале во претходните години, дај Боже пак да дојдеме во шанса преку нив да го освоиме трофејот“, изјави Симов.

ФОТО: ФБ – ФК Македонија Ѓорче Петров 1932

 

ПретходноЃорческа се пласира во полуфиналето на турнирот во Куршумлиска бања
СледноМишевски: Одиме на победа, предност за нас е што имаме одиграно повеќе финалиња