Тактички генијалец: Солзите на Жозе! (ВИДЕО)

574

Ваш е изборот дали ќе го сакате или не, но секако дека мора да го почитувате. Жозе Мурињо е еден и единствен, тактички генијалец, тренер кој знае да игра на резултат.

Еве втора година по ред Португалецот ја носи Рома во едно големо европско финале. Лани го освои трофејот во Лигата на Конференции а сега против Севилја во финалето во Будимпешта ќе се бори за пехарот во Лига Европа, пехар кој го има освоено и со Манчестер Јунајтед во 2017 година, претходно со Порто и Интер ја освојуваше Лигата на Шампионите.

Кој ли сега памети дека синоќа Баер Леверкузен имаше шанси, беше подобар во поле, ја имаше иницијативата, но немоќен беше кога беше најпотребно.

И затоа Жозе Мурињо е тактички генијалец кој по мечот во Леверкузен со солзи ја прослави победата со еуфоричните фанови на Рома.

ПретходноХаос во Алкмар: Фудбалерите на Вест Хем се тепаа со редарите за да ги спасат своите семејства! (ВИДЕО)
СледноВТОРО КОЛО ОД „СВРТИ, ТИПУВАЈ И НАГРАДИ СОБИРАЈ” НА 2WIN.MK