Одбранбениот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Фил Џонс после 12 години ќе го напушти клубот. По завршување на сезоната на искусниот стопер му истекува договорот, а тој има опција да го продолжи меѓутоа нема да го направи тоа.
Џонс ќе игра за друг клуб затоа што во изминатите четири сезони не се изнаигра пред се поради честите повреди.
Инаку Џонс дојде во Јунајтед од Блекбурн Роверс во 2011 година и беше дел од шампионскиот тим во 2012/13.
Неговиот последен настап беше против Брентфорд на крајот на минатата сезона што значи дека оваа сезона не се ни појави на теренот. Причината беше повреда од која долго време се лекува.