Црвена Звезда го претстави новиот тренер од Израел

212

Српскиот шампион доби нов тренер. Со првиот тим ќе раководи израелскиот стручњак Барак Бахар. Со него е потпишана тригодишна соработка. Тој претходно работеше во Макаби Хаифа која играше во групите на Лигата на шампионите, а во квалификациите ја елиминира токму Звезда.

Нема сомнеж дека се работи за еден од најперспективните тренери во Европа, кој веќе освои 10 трофеи, па така, се очекува Звезда да игра напаѓачки фудбал во новата сезона. На Барак му посакуваме добредојде и веруваме дека ќе остварува големи резултати со Звезда“, стои во соопштението на црвено-белите.

Инаку ова беше најавено уште одамна, но се уште двете страни имаа некои детали за договарање. Сега се е решено и Бахар дојде во Белград.

ПретходноШабани и Таири: Ние сме шампиони, секако дека одиме по пехарот и во Купот!
СледноМЛС се шири на 30 клубови – влегува клуб од Сан Диего