Шабани и Таири: Ние сме шампиони, секако дека одиме по пехарот и во Купот!

226

На пресот на Струга ТЛ беа и најдобриот фудбалер во штотуку завршената сезона во ПМФЛ, Буњамин Шабани и капитенот на првакот, Фљамур Таири. И двајцата го дадоа своето мислење за утрешното финале.

Нема кај нас притисок, иако ова е важен, историски, натпревар за нас. Да, ние сме шампиони и секако дека одиме по двојната круна, но нема да биде лесно. Добро знаеме против кого играме, Македонија ЃП е единствената екипа во првенството која не успеавме да ја победиме, па редно е сега тоа да се случи. Ќе влеземе мирно во мечот, свесни сме за своите квалитети и се надеваме дека ќе го освоиме пехарот“ изјави Буњамин Шабани.

Капитенот Таири исто така верува дека оваа генерација на Струга ТЛ може да дојде до двојната круна:

Ние сме шампиони, максимално сме подготвени и мотивирани за тоа што не очекува. Македонија ЃП е квалитетен тим, и јас ќе кажам дека оваа сезона во ПМФЛ не успеавме да ја победиме, па ете шанса утре тоа да се случи. Јас верувам дека можеме да славиме и утре по завршувањето на финалето. Редно е да падне и Македонија ЃП“.

Имаше прашање до двајцата играчи за тоа колкава е улогата на екс стратегот Срѓан Захариевски во освојувањето на титулата во ПМФЛ.

Секако дека своја улога во овие успеси, во титулата има и поранешниот тренер Срѓан Захариевски. Секој оној кој бил дел од тимот, од клубот си има своја заслуга“ истакнаа Шабани и Таири.

ПретходноШпетим Дуро: Сиот респект за противникот, но сите ние во Струга ТЛ знаеме што значи ова финале за нас!
СледноЦрвена Звезда го претстави новиот тренер од Израел