Шпетим Дуро: Сиот респект за противникот, но сите ние во Струга ТЛ знаеме што значи ова финале за нас!

190

Струга Трим Лум утре ја очекува уште еден историски натпревар. Тимот кој оваа сезона во ПМФЛ ја освои титулата, утре против Македонија ЃП ќе се бори за пехарот и во Купот на Македонија. Задачата нема да биде лесна, противникот е актуелен бранител на пехарот.

За тоа што може да се очекува од овој меч попладнево на прес свој коментар имаше стратегот на стружани, Шпетим Дуро:

После освојувањето на титулата во првенството, сега е редот да се одигра и за пехарот во Купот. И за овој меч, како и за сите останати досега, ние сме максимално подготвени. Дали ќе дојдеме до двојната круна, тоа ќе се покаже после финалето“ посочи Дуро.

За тоа дали малку слегна еуфоријата после прославувањето на шампионската титула во првенството, Дуро искоментира:

Да, се обидовме да разговараме со играчите со цел малку да ја намалиме еуфоријата. Токму затоа и заминавме во Маврово неколку дена каде имавме идеални услови за да се подготвиме за утрешното финале. Сега сите сме со мислите за утрешното финале“

Тој се осврна и на квалитетите на противникот:

Не треба да се говори за тоа дека сите ние во клубот имаме максимална мотивација за да дојдеме до уште еден пехар. Но, ова е финале, против себе имаме квалитетен тим и нема да биде лесно. Македонија ЃП е актуелен бранител на пехарот, тоа значи дека и тие имаат победнички амбиции. Исто така ние сме свесни, а и играчите посебно за тоа што значи овој меч за нас како клуб. Не криеме, сакаме да дојдеме до уште еден пехар. Се надевам и очекувам дека играчите ќе го дадат својот максимум и ќе одиграат на своето ниво. Значи респект за противникот, но ние веруваме во себе и во своите квалитети“ рече покрај другото Шпетим Дуро.

ПретходноМишевски: Одиме на победа, предност за нас е што имаме одиграно повеќе финалиња
СледноШабани и Таири: Ние сме шампиони, секако дека одиме по пехарот и во Купот!