Македонската тенисерка Лина Ѓорческа ќе игра во полуфиналето на ИТФ турнирот во Куршумлиска бања откако денеска во полуфиналниот дуел ја совлада Швеѓанката Касја Риналдо Персон со 6:2 и 6:3. Во полуфиналето Лина за противник ќе ја има тенисерката од Романија, Кристина Дину.
Во претходните две кола нашата тенисерка ги елиминираше Струплова од Чешка со 2:0 во сетови како и Илоне Ѓороае од Романија со 2:1 во сетови.