Јована Мицевска се сели во Романија!

201

Македонската репрезентативка, Јована Мицевска по пет сезони минати на голот на Ница, одлучи да ја смени средината.

Нашата 22-годишна голманка ќе биде задолжена за „мрежата“ на романскиот тим, Слатина. Овој тим се наоѓа на претпоследното место во романскиот шампионат, што значи дека во следната сезона ќе се пресели во понизок ранг на натпреварување.

Мицевска можеби ќе има друштво од уште една соиграчка од репрезентативниот дрес. Станува збор за Јована Саздовска која е член на Дунареа Браила.

ПретходноЗа финалето во Истанбул: На трибините на “Ататурк“ ќе има по 20.000 фанови на Интер и Сити!
СледноМурињо: Не ме интересира историјата!