Леброн ги израдува фановите: Ништо не може да ме спречи да играм на третиот меч!

232

Во последната четвртина од втората средба од финалето на Западната конференција на НБА лигата меѓу кошаркарите Денвер и Лос Анџелес Лејкерс полесно се повреди Леброн Џејмс.

Џејмс згазна на ногата на Арон Гордон и го повреди скочниот зглоб. Тој го одигра натпреварот до крајот, но прашање беше дали нешто ќе му се случи на Џејмс кога ќе се олади повреденото место.

“Ништо не може да ме спречи да настапам во третиот натпревар. Ќе бидам целосно подготвен. Сигурно не може да ме спречи мала повреда”, јасно изјави Џејмс, кој во вториот меч, но и вториот пораз од неговите ЛА Лејкерс, запиша 22 поени, десет асистенции и девет скока.

По натпреварот, глуждот на Џејмс беше завиткан во крпа.

Третиот натпревар, чиј домаќин е Лос Анџелес, се игра ноќта од сабота кон недела по средноевропско време.

ПретходноВраќањето на Меси во Барса значи заминување на ѕвезда од тимот!
СледноНатурализираниот Македонец Ти Џеј Шортс ќе игра во Франција