Екипата на Дармштад 98 се враќа во Бундеслигата по шест сезони отсуство. Избраниците на тренерот Торстен Либеркнехт вечерва победија со 1-0 против Магдебург и си обезбедија едно од првите две места на табелата кои водат во германската елита.
Дармштад веќе имаше неколку шанси да обезбеди промоција во последните недели. Сепак, работите тргнаа наопаку по поразот од Сент Паули (0-3) и оној од Хановер 96 (2-1).
Дармштад е прв на табелата со 67 бода, шест повеќе од Хајденхајм кој има и меч помалку. До крајот на сезоната има само уште едно коло.