Покетино го пикираше првото засилување!

2569

Маурицио Покетино ќе седне на клупата на Челзи од почетокот на следната сезона. Аргентинскиот стручњак веќе го насочи првото засилување за сините од Лондон, но ќе видиме дали ќе успее да го донесе посакуваното име.

Негова прва желба за летниот преоден рок е аргентинскиот фудбалер Пауло Дибала, кој моментално настапува во Рома под водство на Жозе Мурињо.

Овој 29-годишен фудбалер од оваа сезона е член на Рома и има договор до летото 2025 година, но и многу мала клаузула од само 12 милиони евра, која Покетино ќе се обиде да ја искористи.

Многу од тоа ќе зависи и од финалниот натпревар од Европската лига, кој ќе се одигра во Будимпешта на 31 мај, во кој Рома се среќава со Севиља.

Пауло Дибала вети дека ќе остане во Рома доколку овој клуб обезбеди учество во Лигата на шампионите, што би го направил со триумф против Севиља, односно со освојување на Лигата на Европа, а потоа ќе видиме дали Дибала ќе го исполни тоа ветување.

Јасно е дека за него би било попримамливо да остане во Рома, исто така од причина што Челзи воопшто нема да игра европски натпреварувања следната сезона, а прашање е колку ќе му треба на Покетино и неговиот стручен штаб за да го добијат лондонскиот тим.

ПретходноОлимпијакос со фантастичен пресврт се пласира во финалето на Евролигата
СледноФил Џонс по 12 години го напушта „Олд Трафорд“