Фрајбург не се откажува од ЛШ: Победа над Волсбурф која се уште дава надеж (ВИДЕО)

92

Фудбалерите на Фрајбург со вечерашната победа од 2:0 против екипата на Волфсбург остануваат во активна битка за едно од првите четири места на табелата во Нунделсигата кои обезбедуваат учество во Лигата на шампионите следната сезона.

Во воведниот меч од претпоследното 33. коло, Фрајбург беше подобар тим од Волфсбург и на крајот успеа да дојде до посакуваните три бода кои го носат на делба на 4. место на табелата со екипата на У. Берлин со по 59 бода, со тоа што тимот од метрополата има меч помалку.

Одлуката вечерва падна во второто полувреме кога со головите на Гунтер во 71. минута и на Петерсен во 75. минута Фрајбург ја запиша седумнаесеттата победа сезонава.

ПретходноОстана без финале, ама остана и без два предни заби (ВИДЕО)
СледноФудбалер на ЦСКА (М) осомничен за обложувачка измама: Направил жолт картон за да добие пари!