Македонија ЃП и Струга ТЛ попладнево ќе бијат битка за пехарот во Купот на Македонија во ова јубилејно 30.финале. За клубот од Ѓорче ова ќе биде петто финале, имаат “лавовите“ и два пехари, а за Струга ТЛ ова ќе биде прво финале.
Убаво ќе биде да се потсетиме на сите досегашни освојувачи.
Вардар е рекордер со пет трофеи во своите шест финалиња. Интересно вардарци цели 16 години немаат финале, досега го освојувале пехарот во 1993, 1995, 1998, 1999 и 2007 година.
Следува Работнички со четири и тоа во 2008,2009, 2014 и 2015 година. Потоа следуваат Слога Ј (сегашно Шкупи) со три и тоа во 1996, 2000 и 2004 година.
Силекс исто има три,и тоа во 1994, 1997 и во 2021 година.
По два имаат Тетекс, во 2010 и 2013, потоа Пелистер во 2001 и 2017 година. Шкендија триумфираше во 2016 и 2018 година, Македонија ЃП во 2006 и 20022 година.
Додека по еднаш на трофејот се радувале Победа во 2002, Цементарница во 2003, Башкими во 2005, Ренова во 2012, Металург во 2011 и А.Пандев во 2019 година.
Од друга страна најмногу финалиња, дури осум, има Слога Ј (сегашно Шкупи), следува Работнички со седум а Вардар е трет со шест финалиња.