Македонија ЃП и Струга Трим Лум немаа едноставен пат до пласманот до големото финале,мораа да елиминираат и тоа како квалитетни екипи.
Сепак треба да се каже дека “лавовите“ како лански освојувачи на Купот, во првата фаза, во тоа 1/16 финале беа слободни, додека во тоа прво коли или 1/16 финале, Струга ТЛ на гости славеше кај Вардар Неготино со 1:2 и со тоа се избори за пласман во следната фаза.
Во 1/8 финалето Македонија ЃП ја победи Победа среде Прилеп со 0:2, додека Струга ТЛ на свој терен славеше против Работнички со 2:1.
Во четвртфиналето “лавовите“ во Ѓорче славеа против А.Пандев а Струга ТЛ, исто како домаќини, ја победија Брегалница со 2:0.
И во полуфиналето Македонија ЃП во еден драматичен меч и тоа под Шара, одигра 1:1 кај Шкендија, за да во пенал- серијата успеа да триумфира и да се пласира во големото финале.
Додека Струга ТЛ, откако по третпат се најде во полуфиналето и не успеваше да игра во финалето, сега успеа, и тоа со триумф против Силекс од 1:0, со што стави печат на историскиот пласман во големото финале.
Кога сме кај Силекс треба веднаш да кажеме дека токму кратовци денеска ќе бидат најголемите фанови на стружани, а причината е Европа. Имено ако победи Струга ТЛ тогаш кратовци како четврти во ПМФЛ ќе играат во квалификациите во Лигата на Конференции, додека Македонија ЃП ќе ја види Европа ова лето само во случај на триумф во финалето.
Стружани не се под таков притисок, без разлика што ќе направат денеска, тие како шампиони на Македонија ќе играат во квалификациите во Лигата на Шампионите.
Познато е дека Шкупи и Шкендија ќе играат во квалификациите во Лигата на Конференции, денеска ќе го дознаеме третиот патник во ова натпреварување, а тоа ќе биде Македонија ЃП или Силекс.