Каков “кикс“, невиден “кикс“ на Баерн Минхен и тоа дома, со што веројатно се прости од титулата во Бундеслигата. Попладнево во дербито на 33.коло Лајпциг со 1:3 го понижи Баерн Минхен како гостин и со тоа му “сервираше“ титула на Дортмунд. Имено сега баварците имаат 68 бодови и еден меч до крај, додека “милионерите“ имаат 67 бодови но и два меча за играње до крајот.
Значи Дортмунд сега сам си ја решава својата судбина, утре игра со Аугсбург.
Да кажеме дека стрелци за “биковите“ беа Лајмерм, Нкунку и Шобошлаи а за домашните гол даде Гнабри.