Микел Хансен одреден период мораше да биде надвор од ракометот. По завршување на Светското првенство кое го освои неговата Данска, најдобриот ракометар поради стрес мораше да се повлече од терените и ментално да закрепне.
„Минав низ тежок психолошки период во кој, за среќа, имав голема поддршка од моето семејство, пријателите, експертите и клубот. Сега сум на место каде повторно имам енергија и можам да се фокусирам на враќање на спортот што го сакам“, изјави Хансен.
Данскиот ракометар само ќе тренира, додека следната сезона ќе го видиме на терените. Хансен после десет години минати во дресот на ПСЖ, лани се пресели во Алборг.