Сосиедад ја шокираше Барса на преполниот “Камп Ноу“! (ВИДЕО)

228

Реал Сосиедад како гостин вечерва успеа со 1:2 да ја победи Барселона, а ако имаше барем малку повеќе среќа, овој триумф ќе беше уште повисок, а Барса се спаси од катастрофа, во меч кој резултатски не и значеше ништо.

Ова беше прва победа на тимот од Сан Себастијан по цели 33 години на “Камп Ноу“, кој вечерва собра 88.049 гледачи.

Со овие три бода Сосиедад е на чекор до пласман во Лигата на Шампионите.

Стрелци на головите беа Мерино во 5.минута и Сорлот во 72.минута. Во самиот финиш Барса преку Левандовски намали на 1:2.

Па така Барса по цела година поразена е дома во Ла Лига, и прв пораз дома сезонава во Ла Лига.

ПретходноМилан ја растури Сампдорија, блесок на Жиру со хет-трик! (ВИДЕО)
СледноШампиони, шампиони: Барса го доби пехарот, и официјално титула бр.27 за каталонската гордост! (ВИДЕО)