Бадијала мајсторијата на Кејн, Тотенхем дома “скршен“ од Брентфорд! (ВИДЕО)

82

Во меч од 37.коло во Премиерлигата, Тотенхем на свој терен одигра 1:3 против Брентфорд и со тоа покажа дека овој тим на „спарси“ е далеку од потребното ниво. Па така сега и тоа како си загрози својата позиција за следната сезона да игра во Европа.

Сепак без разлика на се, потегот на мечот го имаше Хари Кејн кој во 8.минута постигна фантастичен гол, веројатно најубав во неговата кариера.

Фудбалска фантазија. Тоа беше слободен удар, кусо Кулушевски му додаде на Кејн а овој постигна прекрасен гол, ремек дело.

Со тој резултат од 1:0 се замина на пауза.

Во вториот дел гостите преку Мбеумо, во 50. и 62.минута постигнаа два гола, а потоа и со голот на Виса во 88.минута дојдоа до големи три бода на разочарување на фановите на Тотенхем.

Во судиското продолжение Ришарлисон имаше две убави шанси за намалување на резултатот, но сепак не беа искористени.

Ова беше последен меч за „спарси“ на свој терен во оваа сезона.

ПретходноЛина Ѓорческа се пласираше во финалето во Куршумлиска бања!
СледноКуп на Македонија – 30.финале: Симов и Дуро ги објавија стартните состави!