Еуфорија во редовите на Македонија ЃП која по трети пат успеа да дојде до пехарот во Купот на Македонија. Горан Симов, стратегот на тимот од Ѓорче по вторпат со овој клуб дојде до пехарот. Прво како голман во 2006 година, а сега како тренер. Да потсетиме дека тој пред две години исто со Силекс како тренер се радуваше.
По мечот истакна…
“Како и секое финале, така и ова, тешко и неизвесно. Секако специфично за играње, но и нешто посебно за Македонија ЃП. Потешко е да го освоиш отколку да го одбраниш. На крајот успеавме да собереме сила, да дојдеме до пенал – рулетот и на крај да славиме“.