Лондонски Челзи новата сезона ќе ја почне со Маурицио Покетино на клупата. Оваа очајна сезона едвај чека да заврши па од јуни да се почне од ново со аргентинскиот стручњак на клупата.
Според италијанскиот новинар Николо Шира, Покетино веќе прецртал фудбалери кои не се вклопуваат во неговиот проект, а се наоѓаат дури 10 фудбалери. Тоа се напаѓачите Кристијан Пулишиќ, Пјер-Емерик Обамејанг, Хаким Зијеш, дефанзивците Етан Ампаду, Рахман Баба, Маланг Сар, играчите од средниот ред Рубен Лофтус-Чик, Калум Хадсон Одои, Матео Ковачиќ и голманот Едуард Менди.
Претходно се зборуваше и за продажба или позајмица на Михајло Мудрик, но за него ќе се почека доаѓањето на Покетино па ќе се види што со него.