Европската кошарка во рацете на шпанската легенда!

298

На изборното годишно Собрание на ФИБА Европа на кое се присутни првиот човек на КФСМ, Перо Антиќ и генералниот секретар, Владимир Георгиевски, е одбран новиот претседател.

Лидерската улога на европската кошарка е во рацете на шпанската легенда, Хорхе Гарбахоса. Актуелниот прв човек на Шпанската кошаркарска асоцијација доби четиригодишен мандат.

Гарбахоса комотно го доби гласањето во Минхен пред Французинот Жан-Пјер Сиуте, а на него учествуваа 50 национални асоцијации. Тој доаѓа на местото на Тургај Демирел.

Пред него ниту еден Шпанец не се нашол на толку висока функција, но ќе мора да ја плати цената за тоа и да се откаже од функцијата претседател во шпанската федерација во годината во која го слават својот век од постоењето.

ПретходноКуп на Македонија – 30.финале: Патот на Македонија ЃП и Струга ТЛ до финалето…и Силекс ќе навива за стружани!
СледноАнчелоти го потврди она што многу пати го има кажано оваа сезона!